Фудбал
СЕРИЈА А 2019/20

Милан го изненади Каљари, прв гол на Ибра

11. јануари 2020 - 16:57 | Ф.З.

Продолжува лошата форма на тимот кој беше најпријатното изненадување во Серија А откако го забележа четвртиот пораз во низа, овој пат од Милан.

По Лацио, Удинезе и Јувентус, сега и Милан освои три бода против тимот на Каљари. Клубот од Сардинија пред почетокот на лошата серија беше помеѓу четирите најдобри, но лошите резултати го симнаа на 6-тото место.

Откако првото полувреме заврши без голови, „Росонерите“ го отворија резултатот во првиот напад после паузата и тоа преку младиот 20-годишен португалски напаѓач Рафаел Леау чиј удар се одби од еден домашен играч и го измами Робин Олсен.

Во 64-тата минута на сцена стапи новото засилување Златан Ибрахимовиќ кој го постигна својот деби гол откако се врати во редовите на Милан. Ибра овој натпревар го почна од првата минута и остана до крајот.

ХАЈЛАЈТС

Со овој пораз Каљари останува 6-ти со 29 бодови, додека Милан сега има 25, но дали ќе остане на 8-мото место зависи од натпреварите кои допрва ќе се играат од ова коло. Инаку, ова е прва победа на Милан по три натпревари.

Коментирај