Милан го купи новиот Кака: 30 милиони за бразилското чудо од дете

Со децении наназад Бразил е фабрика за фудбалски таленти од каде европските клубови ги купуваат идните темели на нивниот состав. По неколку години пауза, Милан повторно се врати во борба за најголемите таленти во бразилскиот фудбал и денеска го официјализираше трансферот на играчот на Фламенго, Лукас Пакета.

Реал Мадрид, Ливерпул, Барселона и ПСЖ беа заинтересирани за 21-годишниот офанзивен играч за врска на Фламенго, но тој го одбра Милан и во трансфер вреден 30 милиони евра тој веќе од јануари ќе се пресели во Италија.

Лукас Пакета дебитираше за Фламенго со 19 години, по успешните настапи во младинските тимови на бразилскиот клуб. Во моментов тој има два настапи за сениорската репрезентација на Бразил, а домашните медиуми го претставуваат како најдобриот играч кој игра во бразилското првенство.

Младиот Бразилец забележа 88 настапи за Фламенго, притоа постигнувајќи 17 голови. Неговите настапи во Бразил го препорачаа кај селекторот Тите, кој го именуваше како една од 12-те замени за составот за Светското првенство во Русија.

Пакета денеска ги помина медицинските прегледи во Милано и веќе од јануари ќе се приклучи на составот на Милан.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе