Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Лига Европа за оваа сезона. Милан ја оправда фаворитската улога против Шкендија и двомечот го доби со вкупен резултат 7:0.
Синоќа во Скопје на „Филип Втори“, Шкендија загуби од Милан 0:1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Крутино во 13.минута.
Во текот на мечот и Шкендија имаше свои шанси кои не успеа да ги искористи.