Фудбал

Милан ја загуби трката за ЛШ, Џенова на Пандев избори опстанок

27. мај 2019 - 9:36 | МИА/КАЈГАНА

Во италијанската Серија А синоќа се одигра последното, 38. коло по кое Аталанта и Интер обезбедија учество во квалификациите за Лигата на шампионите.

Милан кој чекаше кикс на еден од двата конкурента за елитната лига, ќе мора да се задоволи со пласманот во Лига Европа.

Во борбата за опстанок, тимот на Џенова за кој настапува Горан Пандев успеа да избори опстанок по бодот во Фиренца и поразот на Емполи.

Резултати:

Фросиноне – Киево 0:0

Болоња – Наполи 3:2

Торино – Лацио 3:1

Сампдорија – Јувентус 2:0

Рома – Парма 2:1

Аталанта – Сасуоло 3:1

Каљари – Удинезе 1:2

Фиорентина – Џенова 0:0

Интер – Емполи 2:1

СПАЛ – Милан 2:3.

Старо-нов шампион е Јувентус, а лигата покрај Емполи ја напуштаат Фросиноне и Киево.

Коментирај