Кинеските сопственици на Милан кои неодамна го презедоа клубот планираат да вложат сериозна сума на пари во реновирањето на тимот во летниот преоден рок.
Шпанскиот весник Marca денеска објави дека еден од приоритетите ќе биде трансферот на Алваро Мората, кој не го крие незадоволството од третманот кој го има кај Зинедин Зидан во Реал Мадрид.
Милан, според истиот извор, бил подготвен да понуди сума од 60 милиони евра за овој напаѓач.
Наводно Мората сакал да се врати во Италија, каде две сезони со успех го носеше дресот на Јувентус.