Милан се буди, клубот би можел да му го продолжи договорот на Гатузо

Милан наводно е подготвен да му го продолжи договорот на Џенаро Гатузо, односно, тој да не биде привремено решение за клупата на „Росонерите“, поради добрите резултати кои почна да ги остварува со клубот.

Гледајќи го периодот од кога ја презема клупата на Милан, Џенаро Гатузо, после недопирливите Наполи и Јувентус, со Милан освои најмногу поени во Серија А.

Значи, „Росонерите“ би биле трети во овој момент, ако се смета дека шампионатот почнал кога тие го назначија Гатузо за тренер.

Серијата на победи им дава надеж дека би можеле да се вратат во битката за чевртото место, а се чини дека клубот полека се враќа на старите добри победнички патеки.

„Успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, но мораме да бидеме внимателни, да се сетиме од каде сме почнале“, предупредува Гатузо.

Како и во победата против Лацио, но и во триумфот против СПАК, можеше да се види дека тимот има многу повеќе самодоверба, Бонучи се враќа во форма, а Гатузо успеа да го разбуди и Билја.

Токму поради тоа, Гатузо, кој порано го водеше младиот тим на Милан најверојатно ќе ја продолжи соработката со клубот најмалку на уште една сезона, додека актуелниот договор му истекува во 2019 година.

Меѓутоа, сериозни разговори околу нов договор нема да има до април или мај, бидејќи клубот сака да почека на санкциите на УЕФА, кои им се закануваат поради пропаднатиот договор околу финансискиот фер плеј.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе