СЕРИЈА А 2019/20

Милано е црно-син, лудиот Интер со пресврт го победи Милан

Неверојатно второ полувреме Интер во кое со четири голови ја анулираа предноста од 0:2 на Милан остварена во првите 45 минути.

Миланското дерби ги оправда сите очекувања. Ова беше досега убедливо најдобриот натпревар во Калчото сезонава. Дерби во вистинска смисла на зборот.

„Росонерите“ беа подобри во првото полувреме. Стефано Пиоли ја имаше одлично прочитано замислата на Антонио Конте, неговите играчи со висок пресинг не му дозволуваа на Интер да се разигра, па освен шансата на Матијас Весино и не направија ништо конкретно.

Милан доминацијата ја круниса со гол во 40. минута кога Златан Ибрахимовиќ го натскока Диего Годин и со глава му асистираше на Анте Ребиќ.

За капак на лошото полувреме на Интер се погрижи токму Ибра. При еден корнер, домашните играчи го заборавија на втора статива и непречен од никого со глава лесно го совлада Даниеле Падели. Тоа се случи во судиското надополнување.

На полувремето очигледно Конте одржал добар мотивациски говор, а ја променил и тактиката за после паузата да видиме еден друг, разигран Интер.

Со гол од волеј на капитенот Марцело Брозовиќ домаќините намалија на 1:2, а само три минути подоцна Весино се изваде за утката од првиот дел и еден отпадок го смести в гол по одлично проигрување од Алексис Санчес.

Во 70. минута „Нераѕурите“ направија комплетен пресврт. Корнерот на Антонио Кандрева го искористи дефанзивецот Стефан де Врај кој со глава од паѓање го совлада Џиџи Донарума.

Во меѓувреме Кристијан Ериксен од слободен удар од триесетина метри ја затресе пречката на Милан, додека Ибра со глава погоди статива.

Во третата минута од судиското надополнување Ромелу Лукаку ги постави конечните 4:2 откако нововлезениот Виктор Мозис одлично му нафрли.

 

 

Со оваа дерби победа Интер сега е израмнет на врвот со Јувентус со по 54 бодови, додека Лацио е трет со бод помалку откако претходно славеше минимално кај Парма.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе