Катедралата Дуомо во петок ги отвори вратите за граѓаните и туристите кои можат да го посетат археолошкиот дел, терасите и музејот.
До утре (2 јуни), цената на влезниците ќе биде за 50 проценти помала од редовната цена.
На медицинските лица им е понудена бесплатна карта за нив, но и за нивните семејства.
На посетителите, пред да влезат во катедралата Дуомо, ќе им биде измерена температура, ќе мора да носат маска, да ги измијат рацете и да држат растојание до два метра.