Водителот Миленко Неделковски е повикан на распит во Основното јавно обвинителство како „осомничен за кривично дело „Загрозување на сигурноста преку ширење расистички и ксенофобични материјал по компјутерски систем“, објави тој вечерва на својот профил на Facebook.
Во објавата пишува дека не знае за што конкретно е осомничен, но претпоставува дека за уништената плоча кај Кајмакчалан.
Водителот пишува дека за секое испитување и потези на ОЈО и судот ќе информира детално.