Милевски: Ерменија е квалитетен тим, но оптимист сум

Својата прва официјална прес-конференција како селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација Благоја Милевски ја почна насмеано и со оптимизам.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

Македонските фидбалери утре ги продолжуваат квалификациите за пласман ан Мундијалот 2022 во Катар, а предизвик е Ерменија. Новоназначениот селектор токму утревечер ќе дебитира на клупата.

„Пред сѐ сакам да ја искажам мојата благодарност до Пандев, Тричковски и Велковски кои веќе не се дел од репрезентацијата, а дадоа многу. Неминовно беше одредено освежување на тимот, иако голем дел од составот го сочинуваат фудбалери кои веќе беа тука. Сета нашата концентрација е насочена кон тоа да функционираме како тим. Времето е кратко, но тоа што го видов од момците ми дава за право да бидеме позитивни“, почна Милевски.

Неговиот прв собир со фудбалерите почна во понеделникот. Времето за запознавање е кратко, Милевски ќе дебитира без пријателски натпревар на кој би можел да испроба и играчи и тактички варијанти. Факт е дека со поголемиот дел од фудбалерите сепак добро се познава бидејќи минаа низ У21 репрезентација која токму тој долго време ја водеше, а успеа и да ја однесе на ЕУРО 2017 во Полска.

„Оптимист сум, иако немавме доволно време да ги пренесеме сите наши замисли и идеи. Но, верувам во фудбалерите и во нивниот професионализам. Тие се добри карактери и се адаптираат на сите нови замисли“.

„Периодот е специфичен, многу од фудбалерите сѐ уште го немаат правиот натпреварувачки ритам, или имаат мала минутажа во своите клубови, тоа може да биде наш проблем, но затоа се освежувањата во тимот. Знам дека ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука“.

Ерменија е наш стар противник и репрезентација против која Македонија има одиграно најмногу натпревари - наш вечен ривал. Селекторот не сакаше отсега на противникот да му ги откриер картите, па така за формацијата и стратните единаесет ќе почекаме до утре. Воедно, останува и дилемата дали и натаму главен пеналџија ќе биде Езџан Алиоски, кој беше избор на претходниот селектор.

„За сите тактички работи не би зборувал, сите конкурираат за првите единаесеет, исто како и за формацијата во која ќе настапиме. Ерменија е доста квалитетен тим, се гледа одличната работа на селекторот. Против Шведска и Хрватска одиграа одлични контролни натпревари, имаат три победи во групата и тоа доволно зборува за силата на противникот“, заврши тој.

Милевски и капитенот Ристовски на денешниот прес; Фото: Петр Стојановски / ФФМ
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе