КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, е задоволен од изданието на неговите избраници на вчерашниот натпревар со Исланд.

Тој им го честиташе пласманот во баражот на репрезентативците за кои е убеден дека располагаат со квалитети за поголеми успеси.

Милевски на прес-конференцијата по натпреварот во Скопје, не заборави да ја истакне и заслугата на претходниот селектор Игор Ангеловски со кого македонската репрезентација ги започна квалификациите за Мундијалот 2022.

„Честитки до моите фудбалери. За успехот е заслужен и мојот претходник и играчите кои беа дел од овој квалификациски циклус. Раниот гол на Алиоски ни ја олесни работата. Исланд е сериозна репрезентација и бевме свесни дека до крајот моравме да бидеме максимално концентрирани. Ние доминиравме во текот на целиот меч и задоволен сум од сите кои добија шанса. Сепак ќе кажам дека не сме стигнати до нивото кое јас го посакувам. Имаме потенцијал да напредуваме уште и сите се ставени во функција на такво нешто. Јас уште од самото доаѓање на селекторската функција верував во квалитетите на нашите фудбалери и тие целосно ја оправдаа довербата, рече Милевски.

Македонските фудбалери го освоија второто место во Ј групата во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар и за прв пат во историјата изборија учество во баражот.

Жрепката за баражот ќе биде извршена на 26 ноември, а натпреварите ќе се играат во март следната година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе