Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Филип Здравески
/ 22.03.2025 / 13:49

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, ги одреди единаесетмината фудбалери со кои ќе го започне првиот натпревар од квалификациите за пласман на Мундијалот 2026.

Фото: ФФМ

Македонија денеска од 15:00 част на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц ќе игра против домашната репрезентација на Лихтенштајн, аутсајдер во нашата квалификациска група.

Селекторот Милевски се одлучи за Столе Димитриевски помеѓу стативите, во одбраната Висар Муслиу, Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, по крилните позиции лево Езѓан Алиоски и десно Дарко Чурлинов, во средината Елиф Елмас, Исник Алими и капитенот Енис Барди, а во нападот Александар Трајковски и Бојан Миовски. Македонските фудбалери ќе играат во третата гарнитура дресови, односно оние со црна боја во чест на загинатите од пожарот во Кочани. Прв пат во оваа боја игравме против Малта на гости во септември 2023 во квалификациите за ЕУРО 2024, кога победивме со 2:0.

Правдата ќе ја дели судиска шесторка од Украина на чело со Микола Балакин, ќе му помагаат Виктор Матјаш и Олександр Беркут, четврти судија е Денир Шурман, а во ВАР собата се Виктор Копијевскиј како главен и Олексиј Деревинскиј како помошен судија.

Директниот пренос е на МРТ3 спортскиот канал со коментар на Бранко Илиевски и Горан Милковски, кои се во Вадуц.

Стадионот „Рајнпарк“
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Објавена драматична снимка од упадот на американските маринци на ирански брод

Read more

Фудбал

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Read more

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Read more

Дали Модриќ останува во Милан? 

Read more

Фудбалер на Верона се степа со навивачите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Читај повеќе

Расел: Ќе возам за Мерцедес и во 2027 година

Читај повеќе

Сити го доби Арсенал, но го загуби Родри

Читај повеќе

Ѓоковиќ го мина Федерер и постави нов рекорд во историјата на тенисот

Читај повеќе
  • play_arrow

Суспендиран стадионот на Башкими, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга

Читај повеќе

Дали Модриќ останува во Милан? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Фудбалер на Верона се степа со навивачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Хулигани на Фоџа влетаа на терен и ги бркаа играчите

Читај повеќе

НБА објави тројца кандидати за МВП: Јокиќ ја продолжува трката, шок за Дончиќ

Читај повеќе