КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Милевски ги отвори картите за почетокот на мундијалските квалификации

Филип Здравески
/ 12.03.2025 / 13:17

Селекторот на македонската репрезентација денеска го објави списокот на повикани играчи за почетокот на квалификациите за пласман на Мундијалот 2026.

Чурлинов, Миовски и Елмас; Фото: ФФМ

Благоја Милевски на списокот стави 27 имиња, од кои двајца играчи од домашната лига. Единствено ново име е напаѓачот Лука Станковски, довчерашниот предводник на младата репрезентација, кој со 22-години ќе го чека дебито во сениорскиот тим. Сезонава на 19 натпревари во најдобрата српска лига има постигнато 3 голови.

Собирот на фудбалерите е в понеделник во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Македонија прво гостува кај Лихтенштајн во Вадуц на 22 март, а потоа на 25-ти во Скопје го пречекува Велс.

Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац (Босна и Херцеговина)
Игор Алексовски – Работнички

Одбрана:
Никола Серафимов – Фехервар (Унгарија)
Јован Манев – Ријека (Хрватска)
Езѓан Алиоски – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димоски – Партизан (Србија)
Стефан Ашковски – Етникос (Кипар)
Андреј Стојчевски – Словацко (Чешка)
Висар Муслиу – Син-Трујден (Белгија)
Бојан Илиевски – Струга
Ѓоко Зајков – У Крајова (Романија)

Средина:
Енис Барди – Бодрумспор (Турција)
Јани Атанасов – Пушча (Полска)
Елиф Елмас – Торино (Италија)
Исник Алими – Далјен Инбо (Кина)
Давид Бабунски – Данди Јунајтед (Шкотска)
Тихомир Костадинов – Пјаст (Полска)
Агон Елези – Горица (Хрватска)

Напад:
Бојан Миовски – Жирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлинов – Јаглелонија (Полска)
Лирим Ќамили – Сендерјиске (Данска)
Александар Трајковски – Хајдук (Хрватска)
Кристијан Трапановски – Данди Јунајтед (Шкотска)
Лука Станковски – Раднички 1923 (Србија)

реклама

Фудбал

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Read more

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Read more

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Read more

Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе