КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Милевски го објави списокот на играчи за баражот против Италија

Филип Здравески
/ 16.03.2022 / 12:16

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на повикани фудбалери за бараж натпреварот за пласман на Мундијалот во Катар против европскиот шампион Италија.

Фото: ФФМ

Милевски повика 27 фудбалери меѓу кои и суспендираните Елмас и Костадинов бидејќи во случај на победа над Италија тие ќе можат да играат на финалниот бараж против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Воедно, дури и Македонија да загуби од Италија, потоа секако ќе игра уште еден натпревар, пријателски, против поразениот од истиот друг дуел.

После долго време во репрезентацијата се враќа Давид Бабунски, па така сега во тимот има два пара браќа (Давид и Дориан Бабунски и Стефан и Милан Ристовски). После уште подолго време повик доби голманот Наумовски кој настапува за лидерот во 1.МФЛ, Шкупи, и кој е единствен фудбалер на списокот кој доаѓа од домашното првенство. Иако е на списокот, неизвесен е Јаховиќ кој има повреда.

Ги нема дефанзивецот Ѓоко Зајков, третиот голман Ристе Јанков, а иако се врати на терен не доби повик Илија Несторовски кој, сепак, речиси и да не добива минутажа во Удинезе.

„Што се однесува до напаѓачките опции, Адис Јаховиќ е повикан, но неговото доаѓање е неизвесно. Јаховиќ се соочува со одредени потешкотии, има болки во тетивата и наскоро ќе дознаеме дали ќе може да му се приклучи на тимот. Несторовски не е повикан од причина што во текот на оваа сезона има одиграно само 13 минути во Купот на Италија, но не значи дека нема да сметаме на него за идните активности, доколку влезе во натпреварувачки ритам“, наведе Милевски. 

Македонија ѝ гостува на Италија на 24 март на „Ренцо Барбера“ стадионот во Палермо со почеток од 20:45 часот, а вториот натпревар, било финален бараж или пријателска, ќе го има на 29-ти во Порто или Коња.

Голмани:
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)
Кристијан Наумовски - Шкупи

Одбрана:
Стефан Ристовски - Динамо (Хрватска)
Дарко Велковски - Ријека (Хрватска)
Висар Муслиу - Инголштад (Германија)
Кире Ристевски - АЕЛ (Кипар)
Езџан Алиоски - Ал-Ахли (Саудиска Арабија)
Тодор Тодороски - Серед (Словачка)
Стефан Ашковски - Шепши (Романија)
Никола Серафимов - Залаегерсег (Унгарија)

Средина:
Аријан Адеми - Ријека (Хрватска)
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Енис Барди - Леванте (Шпанија)
Стефан Спировски - МТК (Унгарија)
Тихомир Костадинов - Пјаст (Полска)
Јани Атанасов - Хајдук (Хрватска)
Ердал Ракип - Малме (Шведска)
Бобан Николов - Шериф (Молдавија)
Давид Бабунски - Дебрецен (Унгарија)

Напаѓачи:
Адис Јаховиќ - Ѓозтепе (Турција)
Милан Ристовски - Спартак (Словачка)
Бојан Миовски - МТК (Унгарија)
Дарко Чурлинов - Шалке 04 (Германија)
Александар Трајковски - Ал-Фајха (Саудиска Арабија)
Валон Етеми - Истанбулспор (Турција)
Дориан Бабунски - Дебрецен (Унгарија)

Собирот на репрезентација е закажан за 20 март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје. 

Првиот тренинг е в понеделник во 19:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На 22 март во 17:00 часот со чартер лет репрезентацијата патува за Палермо. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе