Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот со повикани фудбалери за двата гостински натпревари од Лигата на нации, против Латвија и Ерменија.
По септемвриските реми 1:1 на гостувањето кај Фарските Острови и победата над Ерменија од 2:0 во Скопје, Македонија ја очекуваат две гостувања овој месец. На 10-ти „Рисовите“ ќе ја посетат Латвија, а три дена подоцна ќе се упатат кон вечниот ривал Ерменија.
По тој повод селекторот Милевски повика 25 фудбалери. Откако доби повик минатиот месец, Кристијан Трапановски сега е повреден. Дарко Велковски и натаму нема клуб, ќе дојде да тренира со репрезентацијата, но нема да биде во комбинација. Милевски напомена дека се надева дека Александар Трајковски целосно ќе закрепне. Агон Елези не е повикан бидејќи селекторот не е задоволен од неговиот клупски статус. Поради проблеми со жолти картони во одбраната, Милевски го повика дебитантот Андреј Стојчевски.
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дамјан Шишковски – Борац (Босна и Херцеговина)
Игор Алексовски – Работнички
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Фехервар (Унгарија)
Јован Манев – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан Алиоски – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димоски – Акрон (Русија)
Ахмед Иљазовски – Хвидовре (Данска)
Стефан Ашковски – Шанлиуфарспор (Турција)
Ѓоко Зајков – У Крајова (Романија)
Андреј Стојчевски – Жилина (Словачка)
Средина:
Енис Барди – Трабзонспор (Турција)
Јани Атанасов – Краковија (Полска)
Тихомир Костадинов – Пјаст (Полска)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими – Шепши (Романија)
Давид Бабунски – Данди Јунајтед (Шкотска)
Димитар Митровски – Вараждин (Хрватска)
Напад:
Бојан Миовски – Жирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлинов – Јаглелонија (Полска)
Александар Трајковски – Хајдук (Хрватска)
Лирим Ќамили – Сендерјиске (Данска)
Марио Илиевски – ЦСКА 1947 (Бугарија)
Собриот на репрезентацијата е закажан за 7 октомври (понеделник) во Скопје. Наредниот ден ќе се лета за Латвија.