КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски го објави списокот на играчи за отворањето на ЕУРО 2024 квалификациите

Филип Здравески
/ 15.03.2023 / 11:20

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, точно на пладне го објави списокот со повикани играчи за отворањето на новиот циклус квалификации.

Фото: ФФМ

Македонија жрепката ја смести во крајно тешка група со гигантите Италија и Англија, двата финалиста од последното ЕУРО 2020, потоа незгодната Украина, како и аутсајдерот Малта. Токму против Малтежаните на 23 март во Скопје ги отвораме квалификациите.

Милевски се одлучи да повика 28 фудбалери,, со оглед на тоа што по Малта „Рисовите“ ќе одиграат и контролка, на која шанса се очекува да добијат сите што нема да играат со Малтежаните.

Единствено ново име е 24-годишниот играч од дефанзивната средина на кипарски АЕЛ, Давор Здравковски, кој порано има настапувано за младинските репрезентации.

Поради повреда не се повикани централниот дефанзивец Никола Серафимов и играчот за врска Тихомир Костадинов, суспензија поради црвен картон има Тодор Тодороски, додека изоставени се Бобан Николов и Стефан Спировски, кои немаат минутажа во Стеауа и Пјуник.

На списокот се и петмина од домашната лига, но двајца од нив се голмани.

Голмани:
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)
Кристијан Наумовски - Шкупи
Игор Алексовски - Работнички

Одбрана:
Висар Муслиу - Инголштат 04 (Германија)
Ѓоко Зајков - У Крајова (Романија)
Дарко Велковски - Ал Етифак (Саудиска Арабија)
Стефан Ристовски - Динамо (Хрватска)
Езѓан Алиоски - Фенербахче (Турција)
Егзон Бејтулаи - Шкендија
Кире Ристевски - Пјуник (Ерменија)
Владица Брдаровски - Шкупи
Бојан Димоски - Академија Пандев

Средина:
Енис Барди - Трабзонспор (Турција)
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Аријан Адеми - Динамо (Хрватска)
Јани Атанасов - Краковија (Полска)
Агон Елези - Вараждин (Хрватска)
Давид Бабунски - Мезекевешд (Унгарија)
Давор Здравковски - АЕЛ (Кипар)
Стефан Ашковски - Ламија (Грција)

Напад:
Бојан Миовски - Абердин (Шкотска)
Александар Трајковски - Ал Фајха (Саудиска Арабија)
Милан Ристовски - Спартак (Словачка)
Дориан Бабунски - Дебрецен (Унгарија)
Балон Етеми - Истанбулспор (Турција)
Илија Несторовски - Удинезе (Италија)
Дарко Чурлинов - Барнли (Англија)

Собирот на „Рисовите“ е на в недела на 19-ти.

По дуелот со Малта нашите фудбалери се слободни во 2. коло од квалификациите, па затоа ФФМ закажа пријателски натпревар против Фарски Острови, репрезентација со која никогаш во нашата фудбалска историја не сме играле.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе