КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА У21 ЕУРО 2021

Милевски: Групата е претешка, но навикнати сме да одиме по потешкиот пат

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година е свесен дека жрепката не ни беше наклонета и добивме навистина тешка група.

Фото: ФФМ

Токму Благоја Милевски ги водеше македонските надежеи против истите противници во изминатите квалификациски циклуси. Сега, доаѓа друга генерација на фудбалери, а противниците се стари познаници.

„Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник“, вели селекторот, пренесува ФФМ.

„Едноставно, нема лесен противник, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. Со сите репрезентации во групата имаме меѓусебни натпревари, но ова се нови генерации и нови фудбалери“.

Оваа група многу наликува на онаа за квалификациите за ЕУРО 2017 кога бевме во група со Франција, Укарина, Исланд, Шкотска и Северна Ирска, навистина тешка група, а на крајот фудбалерите предводени од токму од Милевски завршија први, пред сите, и се квалификуваа на ЕУРО, прв пат за една фудбалска репрезентација на Македонија.

„Би било добро квалификациите да ги започнеме од септември, од причина што немаме ниту еден собир со новата генерација. Распоредот ќе го решаваме заеднички, но би сакал да одработиме барем два собира со неколку контролни натпревари пред официјално да го започнеме новиот квалификациски циклус“.

Доколку навистина Македонија овие квалификации ги почне во септември, тогаш многу веројатно е да има и друг селектор. Тоа е бидејќи се очекува Благоја Милевски да биде унапреден во селектор на сениорската репрезентација бидејќи новиот договор на Игор Ангеловски е заклучно со претстојното Европско првенство.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе