КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Милевски: Лихтенштајн ќе ни биде најтешкиот натпревар

Понекогаш најтешките натпревари се токму со најслабите противници. Тоа мислење го дели и фудбалскиот селектор Благоја Милевски во пресрет на квалификациите против Лихтенштајн и Германија.

Македонската фуидбалска репрезентација месецов има два натпревара во рамките на квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Два натпревара различни како планина бидејќи играме против една од најслабите и против една од најдобрите европски репрезентации.

„Најбитен е натпреварот со Лихтенштајн. Нѐ очекува најтешкиот натпревар во досегашниот тек од квалификациите. Се работи за селекција која константно напредува во последните години. Не е истата селекција од пред десетина години. Имаат одличен тим, пред сѐ на колективно ниво, тоа го докажаа на натпреварите со Ерменија и Германија. Очекувам да го дадеме максимумот на тој натпревар, да дадеме сѐ од себе за да ги освоиме трите бода од тоа гостување. Фаворити сме, но тоа мора да го покажеме и на терен. Очекувам од моите фудбалери да бидат во подобра форма од натпреварите во септември. Сите се во тренажен и натпреварувачки ритам“, вели селекторот Милевски.

На осми овој месец прво гостуваме во Вадуц кај аутсајдерот Лихтенштајн кој во септрември оствари два пораза, но и го освои првиот бод откако ја изненади Ерменија на гости играјќи 1:1. Воедно, на домашен терен ѝ пружи страшен отпор на силната Германија која успеа да победи едвај со 2:0.

„Мора да бидеме подобри во реализацијата, тоа ни недостигаше во септември. Секој фудбалер треба да биде максимално сконцентриран, јас немам замерки за тоа што го пренесоа на терен од тоа што го баравме на последните натпревари. Не сакам да правам калкукации, мора да дадеме максимум, да го добиеме првиот дуел, а за сè останато ќе зборуваме подоцна“, додава селекторот.

По гостувањето во малата аплска држава, Македонија се враќа во Скопје каде на празникот 11-ти Октомври ја пречекуваме големата Германија.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе