КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски: Поквалитетни сме од Малта, но тоа треба да го докажеме

Филип Здравески
/ 16.03.2023 / 12:44

Македонската фудбалска репрезентација за точно една недела ги почнува квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, а селекторот Милевски посакува старт со победа против аутсајдерот во групата.

„Поквалитетни сме од Малта, но тоа треба да го докажеме. Аутсајдери денеска не постојат. Ќе направиме се да тргнеме успешно во евроквалификациите. Имаме тешки противници, но поседуваме квалитет и потенцијал да се носиме. Нема предавање, а секогаш првиот натпревар ни е најважен“, вели селекторот Благоја Милевски.

Во однос составот кој синоќа го објави, објасни зошто неколкумина играчи не се на тој список.

„Најважно е сите да се здрави и да се стават во функција на тимот. Не можеме да сметаме на Тихо Костадинов, кој е во фаза на опоравување по повредата на лигаментите. Серафимов е повреден, додека Дориев не е способен да се стави во функција на тимот, а не сметаме на Тодор Тодороски поради црвениот картон со Бугарија. Спировски и Николов се во слаба форма и слаба минутажа и не се на овој собир, што не значи дека понатаму нема да бидат повикувани“.

Хрватските медиуми соопштија дека Аријан Адеми репрезентативната пауза ќе ја искористи за да оди во Кина и да потпише договор со својот нов клуб, што значи дека не би играл за репрезентацијата. Но, тој е на списокот.

„Аријан Адеми е голем професионалец, расположен е да игра за Македонија, јас го очекувам да дојде на собир и да биде и понатаму со нас. Лично, сѐ најдобро му посакувам, заслужува за сѐ што постигна во кариерата и во репрезентацијата“, рече Милевски за ситуацијата околу играчот од средниот ред.

Македонија на 23 март од 20:45 часот ќе ги отвори квалификациите на „Тодор Проекси“ стадионот во Скопје, а картите за овој натпрервар по популарни цени од 200 и 300 денари од денеска се во продажба преку продажната мрежа на MkTickets.

Потоа в понеделник на 27 март репрезентацијата ќе одигра пријателска против Фарските Острови. Картите и за овој натпревар беа пуштени денеска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе