УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Милевски: После вториот гол паднавме и физички

Селекторот на македонската фудбалска репрезентрација немаше лесна задача да говори после еден таков висок пораз на домашен терен.

Фото: ФФМ

Грузија синоќа славеше убедлива победа над Македонија среде Скопје со 3:0 во рамките на 3. коло од Лигата на нации. Иако Македонија играше добро, на полувреме беше 0:0, имаше повеќе шанси, сепак Грузијците беа тие кои знаеја како топката се внесува во мрежата - тоа го сторија дури трипати и заслужено победија.

„Им честитам на Грузијците, одиграа добар натпревар“, почна селекторот Благоја Милевски. „Но, кога ќе загубиш вака тешко е да се најде причината за поразот. Три лоши реакции, иако со еден ваков противник да контролираш игра повеќе од 50 минути е нешто од што многу сум задоволен. После вториот гол паднавме и физички. Грузија е физички над нас. Нема што да им замерам на момците за тоа што во моментов го дадоа, а тоа е тоа што го видовме на терен. Ова е нашиот максимум во моментов. Жал ми е што кога доминиравме не дадовме гол“.

Селекторот повтори дека апетитите на неговата репрезентација се квалификациите за ЕУРО 2024, а не оваа Лига на нации која служи за воигрување на тимот.

„Од почеток на моето доаѓање реков дека главна цел се евроквалификациите за ЕУРО 2024 во Германија. Сѐ што поминавме досега во тие седум натпревари во мундијалските квалификации, баражите, оваа Лига на нации, сѐ е во функција на тоа. Мора да имаме увид во реалниот потенцијал со што сѐ располагаме, да знаеме на кого и колку можеме да сметаме во иднина“.

Следен натпревар за Мкаедонија, и воедно последен за овој натрупан јунски прозорец, е Гибралтар в недела, исто така во Скопје.

„Одиме понатаму, и в недела ќе пробаме да се консолидираме. Моментот во кој период се играат овие четири натпревари е надвор од секоја логика, но не можам, а да не бидам задоволен до тие 50 добро одиграни минути“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе