КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У21 ЕУРО 2021

Милевски повика 24 фудбалери за претстојните квалификации

Филип Здравески
/ 27.08.2020 / 14:17

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година одлучи да повика 24 фудбалери за претстојните два квалификациски натпревари против силната Шпанија и аутсајдерот Фарски Острови.

Фото: ФФМ

Надежите ги продолжуваат квалификациите за пласман на У21 ЕУРО кое наредната година ќе се одржи во Унгарија и Словенија. Натпреварите требаше да продолжат во март, но поради пандемијата со коронавирусот беа одложени, а потоа и распоредот претрпе измени.

На 3 септември на „Тоше Проески“ арената од 18:45 часот младите македонски фудбалери ќе ја пречекаат првопласираната Шпанија, која е и фаворит за првото место во Групата 6, а потоа на осми гостуваме во Торсхавн кај Фарските Острови. Овој натпревар всушност требаше да се одигра уште во ноември, но тогаш поради замрзнатиот терен немаше услови за игра и беше одложен за во јуни кога поради пандемијата повторно се одложи.

„За овие натпрааври ќе ни недостасуваат, односно нема да сметаме на Јани Атанасов и Емил Абаз, фудбалери кои сѐ уште го немаат решено клупскиот статус, а поради повреда го немаме ниту Хајдари. Неизвесен е и настапот на Серафимов, но се надевам дека ќе се опорави од повредата, веќе е во тренажен процес и ќе биде во конкуренција за настап. Имаме неколку дебитанти, Алчевски, Тодоровски, Тошевски, Младеновски, Шеји и Фазлиу кои се надевам дека ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот и ќе дадат придонес во нашата игра“, вели селекторот Благоја Милевски.

Голмани:
Ристо Јанков - Работнички
Давид Денковски - Брегалница
Марио Алчевски - Академија Пандев

Одбрана:
Агрон Руфати - Истра 1961 (Хрватска)
Есмин Личина - Македонија ЃП
Филип Антовски - Динамо II (Хрватска)
Тодор Тодороски - Осијек (Хрватска)
Ване Јованов - Академија Пандев
Никола Серафимов - Академија Пандев
Блертон Шеји - Струга
Марио Младеновски - Фремад А (Данска)

Средина:
Давор Здравковски - АЕЛ (Кипар)
Кристијан Ацковски - Брегалница
Енис Фазлагиќ - Жилина (Словачка)
Димитар Тодоровски - Работнички
Томче Гроздановски - ВиОН Злате Моравце (Словачка)
Ердон Даци - Коњаспор (Турција)

Напад:
Милан Ристовски - Ријека (Хрватска)
Дарко Чурлинов - Штутгарт (Германија)
Кристијан Трапановски - Академија Пандев
Давид Тошевски - Ростов (Русија)
Димитар Митровски - Спортинг (Португалија)
Марко Ѓорѓиевски - Раднички Пирот (Србија)
Лавдрим Фазлиу - Пелистер

„Поради промената во системот за натпреварување и начинот за пласман на ЕУРО (првопласираните по група и петте најдобро пласирани втори репрезентации обезбедуваат пласман), не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да освоиме колку што е можно повеќе бодови до крајот од квалификацискиот циклус. Шпанија е голем фаворит, не треба да се потенцира посебно нивниот квалитет, но јас се надевам дека ќе бидеме на нивото од првото полувреме од нашиот меѓусебен дуел во Шпанија и квалитетно ќе се спротивставиме“, изјави селекторот, пренесе ФФМ.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе