КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски повика 29 фудбалери за дуелите со Украина и Англија

Филип Здравески
/ 01.06.2023 / 11:06

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на денешната прес-конференција го соопшти списокот со повикани играчи за јунските ЕУРО квалификациски натпревари против Украина и Англија.

Фото: ФФМ

Милевски повика 29 играчи кои треба да му се стават на располагање за двата дуела. Од мартовскиот список има мали измени, а единствено ново име е играчот од дефанзивната средина на дански Сендерјиске, Сефер Емини.

Поради повреда недостасува напаѓачот Бојан Миовски, кој сезонава постигна 16 гола во шкотската лига. Поради мала минутажа не се повикани Кире Ристевски, Стефан Спировски и Бобан Николов, а Дарко Чурлинов од новиот англиски премиерлигаш Барнли поради болест. Има и смена кај резервните голмани каде Дејан Илиев се врати на местото на ветеранот Кристијан Наумовски. Изненадува тоа што меѓу голманите го нема Ведран Ќосевски, кој сезонава беше најдобар голман во домашната лига со само 13 примени голови.

Голмани:
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Докса (Кипар)
Дејан Илиев - ХЈК (Финска)
Игор Алексовски - Работнички

Одбрана:
Висар Муслиу - Инголштат 04 (Германија)
Ѓоко Зајков - У Крајова (Романија)
Дарко Велковски - Ал Етифак (Саудиска Арабија)
Стефан Ристовски - Динамо (Хрватска)
Езѓан Алиоски - Фенербахче (Турција)
Егзон Бејтулаи - Шкендија
Никола Серафимов - Фехервар (Унгарија)
Владица Брдаровски - Шкупи
Бојан Димоски - Академија Пандев
Јован Манев - Адана Демирспор (Турција)

Средина:
Енис Барди - Трабзонспор (Турција)
Елиф Елмас - Наполи (Италија)
Аријан Адеми - Бејџин Гуоан (Кина)
Јани Атанасов - Краковија (Полска)
Агон Елези - Вараждин (Хрватска)
Давид Бабунски - Мезекевешд (Унгарија)
Давор Здравковски - АЕЛ (Кипар)
Сефер Емини - Сендерјиске (Данска)

Напад:
Александар Трајковски - Ал Фајха (Саудиска Арабија)
Милан Ристовски - Спартак (Словачка)
Дориан Бабунски - Дебрецен (Унгарија)
Валон Етеми - Истанбулспор (Турција)
Илија Несторовски - Удинезе (Италија)
Љупчо Дориев - Шкендија
Стефан Ашковски - Ламија (Грција)

Собирот на „Рисовите“ е на 10 јуни во хотелот „Хилтон“.

Македонија прво 16 јуни ќе ја пречека Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 20:45 часот, а во истиот термин на 19-ти ќе ѝ гостува на големата Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

По мартовски две кола кога се отворија квалификациите, Македонија има една победа (2:1 над Малта), а едно коло беше слободна.

реклама

Додатоци во исхраната што треба да ги земате ако имате над 50 години

Read more

Фитнес тренер ги откри најдобрите извори на протеини за слабеење

Read more

Од 10 септември ќе им се промени животот на 4 хороскопски знаци

Read more

Кој победи во дебатата Трамп-Харис?

Read more

Фудбал

Сари: Имам луд сон, да станам тренер на Бока

Read more

Барди од Северна Кореја

Read more

После 38 години Арсенал ќе мора да игра кај Тотенхем во гостинските дресови

Read more

Јунајтед прави чистка: Тен Хаг отпиша тројца играчи

Read more
 

Спорт

Сари: Имам луд сон, да станам тренер на Бока

Читај повеќе
  • play_arrow

Барди од Северна Кореја

Читај повеќе

После 38 години Арсенал ќе мора да игра кај Тотенхем во гостинските дресови

Читај повеќе

Јунајтед прави чистка: Тен Хаг отпиша тројца играчи

Читај повеќе

Маурисио Почетино е нов селектор на САД

Читај повеќе

Следна мета на Астон Мартин е Макс Верстапен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледаше мајсторијата на Барди гледано од трибини?

Читај повеќе
  • play_arrow

Еми Мартинес не може да си го контролира темпераментот

Читај повеќе
  • play_arrow

Аргентина и Бразил поразени во квалификациите за Светското првенство

Читај повеќе