УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2024/2025

Милевски: Секој гол и секој бод е важен

Филип Здравески
/ 06.11.2024 / 15:56

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска одржа прес-конференција по повод објавувањето на списокот на фудбалери за последните средби од Лигата на нации против Латвија и Фарски Острови, кои ги играме на домашен терен.

Портпаролот Златко Андоновски и селекторот Милевски на денешната прес-конференција; Фото: ФФМ

Повикани се тројца дебитанти, голманот Марко Алчевски од Хапоел Ерусалим и дефанзивецот Бехар Фета од словенечки Домжале, и играчот од средниот ред Сефер Емини од дански Сендерјиске. Алчевски и Фета практично се прекомандувани од младата репрезентација. Од октомврискиот циклус недостасуваат Ахмет Иљазовски, Милан Илиевски и повредениот Тихомир Костадинов.

„Во ова издание секој бод и секој гол е важен. Секој натпревар го почнуваме со цел да победиме и да ги намалиме грешките кои што се неизоставен дел од секој дуел. Победа е императив на мечот со Латвија, но очекувам многу потежок натпревар од тој во Рига“, рече селекторот.

„Им посакувам добредојде на двајцата дебитанти кои заедно со Стојчевски и Илиевски, кој не е сега со нас, се приклучени од последната генерација на младата репрезентација до 21 година. Се надевам дека во иднина ќе се наметнат и ќе бидат важен дел од тимот кој се гради. Поминавме многу тежок период со минутажата на нашите играчи во клубовите. Имаме проблеми со повредени играчи и нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а под знак прашалник се Висар Муслиу и Кристијан Трапановски. Свесни за важноста на овие два натпревара главна цел ни е да останеме на првата позиција“, рече Милевски.

Македонија двата натпревара ги игра дома. Прво на 14 ноември (четврток) ја пречекуваме Латвија, а три дена подоцна, на 17-ти (недела), играме против Фарски Острови.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Фудбал

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Read more

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе