КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, по објавата на списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕУРО 2024 против Украина и Англија, даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.

Македонија прво 16 јуни ќе ја пречека Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 20:45 часот, а во истиот термин на 19-ти ќе ѝ гостува на големата Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

„На списокот не се наоѓаат Дарко Чурлинов и Бојан Миовски, им посакувам и на двајцата брзо да се опорават и да се стават на располагање. Дарко моментално е хоспитализиран во клиничкиот центар во Белград поради здравствени компликации.

„Останавме без две опции во нападот, но верувам дека ќе успееме да се прикажеме во добро светло и ќе успееме да го извлечеме максимумот. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени до почетокот на натпреварите“.

„Сефер Емини за прв пат е повикан во репрезентацијата на Македонија, за претстојните натпревари со Украина и Англија. Игра стандардно во Данска и заслужи да биде дел од тимот“.

„Муслиу по повредата ги одигра последните натпревари за својот клуб. Останатите се тие што беа и во март. Сите кои се тука се најдобрите и сите се во комбинација за настап. Кој ќе почне во нападот, ќе видиме“.

„Во овие речиси две години одигравме само еден натпревар комплетни, тоа беше натпреварот со Португалија. На сите останати дуели не бевме комплетни. Ќе се обидеме да одиграме на едно високо ниво против две силни репрезентации. Првиот дуел го играме против Украина и сме сконцентрирани само на тој натпревар, а за Англија ќе размислуваме подоцна. Украинците го имаат речиси непроменето составот од претходното Европско првенство, со исклучок на неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Мораме да размислуваме позитивно, нашата цел е остварување на победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери“.

„На подготовките последни ќе пристигнат Езѓан Алиоски и Дејан Илиев, бидејќи последните натпревари со своите клубови ги играат на 10 јуни“.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Фудбал

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Read more

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Read more

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Онана направи нов кикс, па се извини: Јас сум крив што загубивме од Баерн

Читај повеќе

Дембеле синоќа постави срамен рекорд во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Читај повеќе