Милевски за младите фудбалери: Сите имаат заслуга за успехот, од срце ви се заблагодарувам

Филип Здравески
/ 20.11.2020 / 13:31

Два промашени пенали се причината младите македонски фудбалери да не играат на У21 Европското првенство. И покрај тоа, селекторот Благоја Милевски со пофални зборови за неговите избраници.

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година заврши на второто место во квалификациската група, зад гигантот Шпанија, а пред Израел, Казахстан, Фарски Острови и Црна Гора. Со тоа второ место Македонија влезе во рангирањето на сите второпласирани од кои најдобрите пет се квалификуваат за завршницата, но за 3 бодови не избори пласман. Промашениот пенал за реми со Шпанија дома и оној кај Израел на гости за победа се покажаа решавачки бидејќи со нив Македонија ќе имаше токму плус 3 бодови и сега ќе беше на ЕУРО.

„Чувствувам потреба да упатам благодарност кон сите што бевте дел од квалификациите за Европското првенство 2021. Сите вие имате заслуга за успехот што го направивме. Од срце ви благодарам. Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој не ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. Тоа се особини на кои укажував и тоа сте вие“, вели селекторот Милевски.

И има право да чувствува горчина затоа што УЕФА го промени форматот на натпореварување. Првично, второпласираните требаше да играат бараж, освен најслабопласираната. Тоа значи дека Македонија сигурно ќе учествуваше во тој бараж, но за да се намали бројот на натпревари поради пандемијата со COVID-19, УЕФА одлучи најдобрите пет да се квалификуваат без баражи, а останатите да не добијат шанса која првично им следуваше.

„Од нашиот прв собир во Анталија, па сѐ до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок. Многу научив и сѐ уште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери“.

Фото: ФФМ

За добри резултати потребна е и добра организација. За разлика од некои дамнешни времиња кога најголеми критики беа упатувани кон начинот на кој Федерацијата ја третираше репрезентацијата, сега ситуацијата е обратна.

„Би сакал, исто така, да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, до претседателот Сејдини, Управниот одбор и службите во федерацијата. Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме 7 од можните 9 бодови на крајот од квалификациите“, завршува Милевски.

У21 репрезентацијата сега ја чека нов квалификациски цуклус, нова жрепка и нови противници. Дали Милевски и натаму ќе седи на селекторското столче, тоа допрва ќе се знае. Во секој случја, тој е најуспешниот У21 селектор во историјата на македонскиот фудбал бидејќи еднаш нѐ однесе на ЕУРО 2017, а сега заврши втор и само заради сменетите правила не може да ја продолжи борбата за пласман на ново Европско првенство.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе