Милијардерите околу Трамп сакаат да се ослободат од пилотите и тенкистите

Истакнати милијардери и поддржувачи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп водат јавна дебата против екипажот во авиони и тенкови, објаснувајќи дека беспилотните летала можат да ја завршат работата подобро и што е најважно, поевтино.

Според иницијативата што ја „туркаат“, може да се укинат неколку скапи програми за оружје во корист на беспилотни и автономни возила, пренесува Politico.

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, чија улога во администрацијата ќе биде да советува како да се намалат државните трошоци, стана еден од најгласните поборници за користење дронови како замена за скапи и често проблематични борбени авиони со екипаж.

Во серија објави на платформата X минатата недела, тој изјави дека борбените авиони со екипаж се застарени. Притоа, тој ги сподели успесите на Кина на полето на беспилотни летала и отворено им се восхитуваше.

„Во меѓувреме, некои идиоти сè уште прават борбени авиони со екипаж како Ф-35“, коментира тој за оние што не одат во правец на беспилотни авиони.

Исто така, Марк Андреесен, милијардерот кој донираше милиони за кампањата на Трамп и чија фирма Andreessen Horowitz почна да инвестира во мали одбранбени стартапи, неодамна изјави дека земјата што ќе победи во војната со беспилотни летала и технологија ќе ја има најдобрата војска.

На дефанзивна страна, Андреесен додаде дека одбраната од мали беспилотни летала наметнува трошоци на непријателот, нешто што американската морнарица го доживеа во Црвеното Море оваа година, кога нејзините бродови со месеци користеа проектили од 4 милиони долари за да ги соборат беспилотните летала на Хути кои чинат неколку илјади долари.

„Можете да соборите едно беспилотно летало со проектил од 20 милиони долари, но не можете да се одбраните од 10.000 дронови, затоа се потребни одбранбени дронови“, објасни тој.

Иако Пентагон троши милијарди за развој на нови воздушни и поморски беспилотни летала, вклучувајќи ја и програмата Replicator, чија цел е да изгради илјадници евтини, потрошни беспилотни летала за надзор и борбени мисии, нема планови за постепено укинување на авиони со екипаж. Сепак, не се само авиони со екипаж кои се на мета на моќни инвеститори без никакво воено искуство, како во случајот со познатите Маск или Андреесен. Затоа што тие имаат директна корист од овој тип на пропаганда.

Меѓу нив е и поранешниот шеф на Google, Ерик Шмит, кој беше претседател на Одборот за иновации во одбраната на Пентагон во поголемиот дел од првиот мандат на Трамп, но во моментов не е советник или донатор. Минатиот месец тој рече дека војската треба да ги отфрли „бескорисните тенкови“ и да ги замени со дронови напојувани со вештачка интелигенција. Шмит е основач на стартапот White Stork, кој развива дронови со вештачка интелигенција за воена употреба.

На сите нив, некој со воено знаење и искуство, тоа е американскиот адмирал Самуел Папаро, им објаснува дека помалите беспилотни системи не можат да ги заменат бродовите со екипаж и борбените авиони и дека не би биле доволни, на пример, во Пацификот. Попатно, тој јасно им стави до знаење на Маск и на другите колку се неуки за тоа што го зборуваат.

„Да, Кина има дронови, одлично. Но, има и 2.100 борбени авиони. Има три носачи на авиони. Има борбена флота од 200 уништувачи. Па што, нели? Нема проблем бидејќи имаме неколку дронови. Впрочем, со нив ја решивме таа „работа“ во Украина, нели“, саркастичен беше Папаро.

реклама

Бразилки давале сексуални услуги во изнајмени станови во скопски Џевахир

Read more

Која е Кинезинката поради која се тресе европската автомобилска индустрија?

Read more

Основна намирница може да помогне во намалување на 'рчењето

Read more

Храна поврзана со забрзано стареење: Намалете го консумирањето

Read more

Свет

Украинските војници масовно дезертираат од фронтот

Read more

Американците заработуваат најмногу од производство на оружје

Read more

Виена доби мобилна апликација за зазеленување на градот

Read more

Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток е свекорот на неговата ќерка Тифани

Read more
 

Вести

Јаневска: УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо

Читај повеќе

ВЛЕН: Лани ДУИ ja разреши, денеска плачат за Весна Дамева

Читај повеќе

Украинските војници масовно дезертираат од фронтот

Читај повеќе

Американците заработуваат најмногу од производство на оружје

Читај повеќе

Бислимоски: Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, а дополнителна евтина тарифа засега нема

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе
  • play_arrow

Солун конечно доби метро: Се градеше 18 години

Читај повеќе

Доларот ослабе, еврото зајакна

Читај повеќе

Претседателката на Судскиот совет Дамева си поднесе оставка

Читај повеќе