Милик нападнат по мечот со Ливерпул: Му впериле пиштол во глава и го ограбиле

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, не стигна да ѝ се израдува на победата против Ливерпул од синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите, бидејќи веднаш по натпреварот беше нападнат и ограбен.

Двајца напаѓачи на моторцикл, по кои полицијата и понатаму трага, му го пресекле патот на Милик, му се заканиле со огнено оружје и го ограбиле.

Синоќа Наполи на домашен терен го совлада тимот на Ливерпул со резултат 1:0, а Аркадиуш Милик имаше солиден натпревар, но не успеа да постигне погодок. Откако заврши славењето на победата, Милик се упатил кон неговиот дом, но набрзо двајцата напаѓачи му се приближиле и му впериле пиштол на главата со закана дека ќе го застрелаат доколку не им даде сѐ што има.

Нападот се случил околу 02:00 часот по полноќ, а во моментите на страв Полјакот им го предал часовникот вреден 20.000 евра и останатите работи кои успеал да ги најде низ џебовите, како пари, златни прстени и накит. Напаѓачите подоцна го напуштиле местото на настанот а Милик останал неповреден.

Ова не е прв случај во кој играчи на Наполи се мета на напаѓачи. Во 2013 година на истиот начин, со вперување пиштол на главата, беше ограбен Лоренцо Инсиње, играчот кој вчера го реши победникот со единствениот гол постигнат на натпреварот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе