Милион долари за камбек: Кој би боксувал со Мајк Тајсон?

Славниот американски боксер Мајк Тајсон можеби ќе се врати во рингот и тоа во Австралија.

Поранешниот шампион во тешка категорија претходно кажа дека размислува да се врати во рингот, но за хуманитарни цели, па напорно тренира и е во добра форма.

Сега доби вистинска понуда за камбек и тоа за солиден хонорар.

Австралискиот промотер Брајан Аматруда изјави дека го исконтактирал агентот Макс Марксон и дека му понудил на Тајсон 1 милион долари за борба.

„Макс го донесе Тајсон во Австралија во 2012 година. Во добри односи се, главно бидејќи му помогна да добие виза за влез во земјата. Тоа е клучно“, изјави Аматруда.

Потенцијални противници на Тајсон би биле Бери Хол, Пол Гален и Сони Бил Вилијамс, познати имиња од австралиската рагби сцена кои претходно боксувале.

„Би направил настан во Мелбурн Арена каде би имало повеќе од 10.000 гледачи или на ‘Паркот на принцовите’ каде мечот меѓу Џеф Финик и Азума Нелсон го гледаа 30.000 луѓе. Тајсон има 53 години, но уште е големо име. Хол, Гален и Вилијамс би ја искористиле шансата да влезат во ринг со него. Тоа ќе биде нешто спектакуларно, не само борба, туку настан“, изјави промоторот за talkSPORT.

URL

Тајсон стана најмладиот шампион во тешка категорија кога во 1986 година со само 20 години го победи Тревор Бербик. До пензионирањето има победено во 50 од 58 професионални борби. Боксерот ги импресионираше фановите со видео што неодамна го објави на социјалните мрежи на кое се гледа како напорно тренира.

 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе