Милошоски: Власта една недела ја замајува јавноста со измислена тема за да ги прикрие неуспесите во економијата и корупцијата

Скопје, 4 декември 2019 (МИА) – Седум дена владата на аболицираниот Заев ја замајува јавноста со измислена тема што имаше за цел да ги покрие нивните неуспеси во економијата, во корупцијата, во правосудството, во животната средина, во здравството, а граѓаните да се занимаваат за нешто што било или не било пред 3, 5 или 25 години, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Миолошоски.

Смета дека за апсурдот да биде поголем, како што рече, оваа правна неписменост на Владата заврши со Комисија за законодавно-правни прашања, во која мнозинство имаа владејачката СДСМ и ДУИ кои донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11, бидејќи таков член, рече Милошоски, воопшто не постои.

– Зошто е ваквиот исход на СДСМ и нивните коалициони партнери, затоа што во последен момент станаа свесни дека опозицијата нема да се однесува на начин што ќе им овозможи тие да прават некакви изговори и затоа што сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој автоматски ќе мора да стане составен дел, односно да се избрише од Законот за помилување од 1993 година наваму. И тоа значи дека единствениот политичар корисник на Членот 11 од Законот за помилување, премиерот Заев, ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ од 2008 година ќе мораше повторно да се отвори, рече Милошоски.

Оцени дека Владата и парламентарното мнозинство немаат добра координација и со оваа Влада, како што рече, не само граѓаните туку и целиот политички систем живее во една правна несигурност.

– После ваквото фијаско и конфузија сметаме дека СДСМ и аболицираниот Заев е корисно да одговорат на прашањата кои не им се омилени. Зошто Заев не прифаќа иницијатива да се донесе закон во кој аболицирани политичари нема да можат во иднина да се занимаваат со политика или со вршење јавна дејност? Зошто Заев избегнува да се измени Законот за помилување каде што било кој политичар ниту сега ниту во иднина нема да може да му се даде помилување? И зошто Зоран Заев не го прифаќа принципот на измени во Изборниот законик тој кој што ќе биде кандидат за мандатар на новата Влада, да не биде и кандидат за пратеник? Затоа што, тој што ќе победи ќе формира Влада, а оној кој што ќе изгуби нема да може да се крие зад пратеничкиот имунитет доколку носи било каква одговорност. Сметаме дека на овие прашања Заев треба да одговори, му остануваат уште 30 дена, порача Милошоски.

Смета дека следен чекор, според него, за да Уставниот суд избегне било каква политизација во поларизирана клима најдбро е да, како што рече, го искористи механизмот amicus curiae или „пријателска препорака“, што постои при Венецијанската комисија, каде уставните судии имаат право да побараат пријателско мислење за одредена тема.

На прашањето зошто ја поддржале, ако не се согласуваат со предлог-одлуката на Комисијата, рече дека не сакале со ниту еден потег да дадат каков било изговор на Заев за да тврди дека за денес за граѓаните се побитни настаните од пред три, четири или десет години.

– Најдобро е на оние кои создаваат вештачка тема и вакви замки за залажување на граѓаните да им дозволите да се фатат во замката кои сами ја поставиле. Оваа вештачка тема за постоечки или непостоечки член 11 на некаква желба на видливи или скриени сили за нечие помилување и отворање на теми стари по три, пет или десет години беше темата која што Владата на помилуваниот премиер Заев ја отвори за да ја покрие својата неспособност надевајќи се дека ВМРО ќе влезе во некаква процедурална битка, некого или нешто да штити или Заев некого од нешто да брани.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе