НБА 2023/2024

Милвоки се врати кога е најпотребно: Јанис и Портис го средија Бостон

Серијата лоши резултатите Милвоки Бакс ја прекина со победа над досега најдобриот тим во НБА, Бостон Селтикс, и тоа со високи 33 поени разлика.

Кошаркарите на Милвоки Бкас по шлаканицата од Јута Џез се чини дека се освестија, па заиграа далеку подобро и тоа кога беше најпотребно - во дуелот со лидерот на Истокот и воедно екипата со најдобар скор во НБА сезонава, Бостон Селтикс.

Боби Портис и Јанис Адетокунбо запишаа дабл-дабл. Портис постигна 28 поени со 12 скокови без асистенции, додека Гркот имаше ефект од 24 поени  и 12 скокови со 6 асистенции. Демиен Лилард додаде 21 поен, Малик Бизли 16, а Брукл Лопес 15.

URL

Кај гостите од Бостон најрасположен беше Пејтон Причард со 21 поен, Сем Хаузер уфрли 15, а Канаѓанецот Ошеј Брисет 13.

Милвоки сега со скор од 26-12 и натаму е втор на Истокот, токму зад Бостон кој го запиша само 9-тиот пораз сезонава, а има 29 победи. Бостон и севкупно е најдобар со оглед на тоа што лидерите на Западот, Оклахома Сити Тандер и Минесота Тимбервулвс имаат скор од 26-11.

Далас Маверикс без Лука Дончлиќ го совлада Њујорк Никс со 128:124 благодарение на расположените Кајри Ирвинг и Тим Хардавеј. Ирвинг уфрли 44 поени со 10 асистенции, додека Хардавеј имаше 32 поена.

Кај гостите од Големото јаболко најдобри беа Џулиус Рендл и Џејлен Брансон со 32 односно 30 поени.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Бруклин Нетс 111:102
Милвоки Бакс - Бостон Селтикс 135:102
Оклахома Сити Тандер - Портланд Треил Блејзерс 139:77
Далас Маверикс - Њујорк Никс 128:124
Лос Анџелес Лејкерс - Феникс Санс 109:127

Табела:

реклама

Кошарка

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Read more

Шек за дебелиот Дончиќ: Подобар е од 99,9% од НБА бековите

Read more

Далас загуби од Филаделфија во првиот меч од пост-Дончиќ ерата

Read more

Далас го испрати Дончиќ со срцепарателна објава, познатите рапери го поддржаа трејдот

Read more
 

Спорт

Бринзи Џонсон од суспензија за допинг до светско злато

Читај повеќе
  • play_arrow

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Читај повеќе

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе