ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје минатата недела санкционираа 180 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 20.05 до 26.05.2024 година, со помош на специјалните возила 'Пајак' на ЈП 'ПОЦ' отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство 'Блокатор' санкционирани се 75 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
„ЈП 'ПОЦ' и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се додава во соопштението на ПОЦ.