Специјализираниот портал за автомобилизам, Autosport ги анализираше резултатите на Луис Хамилтон постигнати од 2013 кога се пресели во Мерцедес.

По доаѓањето во германскиот тим, Хамилтон освои 6 титули и двапати стана вицешампион. Најлоша му беше минатата 2022 сезона кога за прв пат во кариерата во Формула 1 Хамилтон остана без победа и без пол-позиција.
Најдобра сезона на Британецот во Мерцедес му беше во 2018 година, кога се бореше за титулата со возачот на Ферари, Себастијан Фетел.
Рангирање по сезона на Хамилтон во Мерцедес од страна на Autosport:
1. 2018 година (1 место во шампионатот, 11 победи, 11 пол-позиции)
2. 2020 година (1, 11, 10)
3. 2019 година (1, 11, 5)
4. 2017 година (1, 9, 11)
5. 2021 година (2, 8, 5)
6. 2015 година (1, 10, 11)
7. 2014 година (1, 11, 7)
8. 2016 година (2, 10, 12)
9. 2013 година (4, 1, 5)
10. 2022 година (6, 0, 0)