Наука

Мини документарец во 10 минути го прикажува создавањето на универзумот

11. март 2018 - 16:19 | М.Д.

Кога ќе ги погледнеме космичките настани, човештвото и нашата планета, во вселената тие се речиси безначајни. Режисерот и продуцент Џон Босвел, креирал timelapse видео, во кое за само десет минути можеме да го видиме создавањето на цел универзум од почеток до ден денеска.

Видеото на Џон е во вид на мини документарец околу формирање на универзумот. Секоја секунда во видеото претставува 22 милиони години, а додека времето минува, Босвел ги објаснува основите на секој период од формирањето на универзумот, од креирањето на првите ѕвезди, галаксии и црни дупки.

Дури од шестата минута на видеото можеме да видиме како почнал да се креира нашиот Сончев систем, додека животот на Земјата се појавува само во последните секунди од видеото.

Босвел вели дека преку ова десетминутно видео сакал да покаже колку големи работи и настани се одиграле милијарди години зад нас, односно колку се луѓето всушност мали во вселената.

Американскиот режисер познат е и по креирање на единствени музички ремикси и проекти, кои ги работел за научници.

Коментирај