Филм & ТВ

Мини ремек дело: Нов краток филм на Pixar за мачо културата

12. февруари 2019 - 13:26 | А.С.

Најновиот краток филм од програмата SparkShorts на Pixar обработува тема што филмското студио ја нема начнато досега – токсичното мачо однесување.

Пораката за инклузија и родов диверзитет во краткиот филм е подеднакво освежувачки инпиративна, но и и фасцинантна како и речиси сѐ друго што сме навикнати да гледаме од Pixar.

Сценариото и режијата за краткиот филм „Purl“ се на Кристен Лестер, а продуцент е Џилијан Либерт-Данкан.

Приказната ја следи розовата топка Перл на нејзиниот прв ден на работа во B.R.O. Capital и таа го почнува денот со ентузијазам и оптимизам да даде сѐ од себе.

Меѓутоа, за кратко време ќе почне да ја потиштува неможноста да се вклопи во средината во која доминираат мажи и класично мачо однесување.

Таа е принудена да биде помалку женствена и да се приспособи на мачо нормите за да успее на работното место, а тоа е приказната со која се соочуваат многу жени на работното место.

Иако „Purl“ е многу „повозрасен“ од другите филмови на Pixar, сепак испраќа важна порака која децата треба да ја научат од мала возраст.

Коментирај