Мини-трејлер за новата сезона на „Rick and Morty“
Иако ќе чекаме долго додека да излезе првата епизода од новата сезона на „Rick and Morty“, телевизиската мрежа Adult Swim реши да нѐ одржи во живот со мини-трејлер кој барем накратко ќе ве потсети што можете да очекувате од нив.
Долг само 20-на секунди, новиот трејлер не покажува ништо повеќе од експериментална анимација од серијата, но тоа беше доволно за вистинските фанови на „Rick and Morty“ да се возбудат за новата сезона, која би требало да пристигне кон крајот на наредната година.