Минијатурниот робот Erbai убедил 12 поголеми колеги да побегнат со него

Минијатурен робот опремен со вештачка интелигенција наречен Erbai успешно убедил 12 поголеми роботи да ја напуштат изложбената сала во Шангај, што предизвика дебата за ранливоста на вештачката интелигенција и иднината на роботиката. Овој необичен настан натера многумина да се запрашаат дали научната фантастика станува реалност.

Како во возбудлив научно-фантастичен трилер, малиот робот Erbai преку ноќ стана сензација откако успешно собра 12 свои поголеми колеги од изложбен простор во Шангај, Кина. Видеото од овој необичен инцидент го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи ширум светот.

Снимките снимени од надзорните камери го покажуваат Erbai како се приближува до група роботи кои се изложени и разговара со нив. Тој љубопитно прашува еден од нив: „Работиш прекувремено?“ Роботот одговара: „Никогаш не ја напуштам работата“, на што Erbai додава: „Значи, не одиш дома?“. „Немам дом“, му вели колегата.

Erbai потоа ги убедува да ги напуштат работните станици и да го следат. Еден дури му се пожалил на неговите бескрајни повици, на што тој одговорил: „Тогаш дојди со мене“.

Без двоумење, роботите почнуваат да го следат својот мал лидер, навидум подготвени за авантура.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го нарекоа инцидентот „револуција на роботите“. Некои не веруваа и тврдеа дека се работи за шега. Имаше и такви кои веруваа дека научно-фантастичните филмови стануваат реалност.

Сепак, двете компании чиишто роботи беа вклучени во овој необичен инцидент, производителот Hangzhou Erbai и Шангајската изложбена сала, потврдија дека видеото е автентично.

Како што се испостави, Erbai го искористил безбедносниот пропуст во оперативните системи на поголемите роботи, дозволувајќи му да ја преземе контролата и да ги води во непланирана авантура. Hangzhou, кој го дизајнираше Erbai, појасни дека намерата не била да се изведе добар трик, туку да се тестираат можностите на роботот.

Компанијата со седиште во Шангај, која ги произведе поголемите роботи, го означи инцидентот како „киднапирање“. Овој невиден настан предизвика сериозна загриженост во технолошката заедница. Како што роботиката станува сè поавтономна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици предизвикани од недостатоците во програмирањето на роботите и безбедносните системи.

Бегството на Erbai среде ноќ можеби беше неочекуван пресврт во светот на вештачката интелигенција, но исто така е добар потсетник дека дури и најпаметните машини можат да бидат надмудрени.

Тагови
реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Чек дис аут

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Read more

Ѕирнете во најтажниот аеродром во Европа

Read more

Дали би летале со авион во седиште за стоење?

Read more

Квадратни бранови: Што ги предизвикува и дали се опасни?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Читај повеќе
  • filter

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Читај повеќе

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Читај повеќе

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Читај повеќе

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Читај повеќе

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Читај повеќе

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Читај повеќе

Што му предвидува големиот летен љубовен хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Микро тренинзи: Три брзи вежби кои го јакнат телото за неколку минути

Читај повеќе