Минималната плата се зголемува на 14.500 денари

Од декември минималната плата во државата ќе изнесува 14.500 денари. Тоа значи дека таа ќе се зголеми за 2.000 денари од сегашните 12.507 денари. Зголемувањето на минималната плата ќе важи не само за приватниот, туку и за јавниот сектор.

Ова денеска го најави владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев по состанокот со коморите, работодавачите и синдикатите, нагласувајќи дека решението е донесено преку социјален дијалог со сите социјални партнери.

– Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува историски највисоки 14.500 денари. Со законот кој се усвои во 2017 година првпат се изедначи минималната плата и за работниците од текстилната и кожарската индустрија со другите гранки. Со изедначувањето на минималната плата за сите категории на работници исправивме една голема социјална неправда која постоење во нашето општество, изјави премиерот Заев.

Тој се надева дека зголемувањето на минималната плата ќе предизвика и спирално покачување на останатите плати во државата и е оптимист дека до крајот на мандатот ќе го исполнат ветеното за минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари.

Зголемувањето на минималната плата, според работодавачите, не ја исклучува можноста помалите текстилни компании да не можат да го издржат притисокот и да бидат затворени.

– Најголем притисок од порастот на минималната плата ќе имаат трудоинтензивните дејности. Мислам дека пазарот ќе успее да ги прифати вработените од евентуалните затварања на овие помали компании кои не работат директно со клиенти, туку земаат работа преку втора -трета рака и оти овие вработени ќе се вработат во оние конфекции кои ќе обезбедат поголема продуктивност, подобри услови за работа и почитување на работничките права, рече претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, нема да биде голем бројот на малите текстилни компании што не ќе можат да го издржат притисокот од зголемувањето на минималната плата.

– Минималната плата е заштита за најзагрозените категории на вработени кои немаат алтернатива во делот на мобилноста поради својата возраст или други причини. Со минималната плата не правиме притисок врз компаниите, напротив се обидуваме да им помогнеме со две мерки – субвенционирање на придонесите и со законот за финансиска поддршка, рече Анѓушев.

Оние компании што не ќе можат да ја исплатат загарантираната минимална плата, ќе имаат опција да ги користат и можностите што ги нуди Законот за субвенционирање на плати кој е во собраниска процедура и се очекува да стапи во сила во ноември.

– Минималната плата е загарантирана како 14.500 денари и таа стартува од декември. Мерката за субвенционирање на платите се однесува на покачување од минимум 600 до максиум 6.000 денари и државата го покрива придонесот за покачувањето. Ако покачат 2.000 денари во ноември со исплата во декември, тогаш тие ја покачиле минималната плата и ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата. Значи мерките се комплементарни една на друга, но тоа не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата користејќи субвенција. Некој ќе ја покачи со субвенција, некој без субвенција, но во секој случај даваме опција бизнис секторот кој не може да го издржи ова покачување, да може да ја искористи мерката за субвенционирање, појасни министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Досега 90.000 граѓани примаат минимална плата од 12.500 денари.

Во моментов, минималецот од 203 евра кај нас е најнизок споредено со земјите од регионот, според последните достапни податоци, пишува b92.net.

Во Босна и Херцеговина минималецот изнесува 208 евра, во Албанија 211, а во Црна Гора неодамна беше зголемен на 222 евра.

Во Србија најниската заработка во моментов изнесува околу 230 евра, а следната година се очекува зголемување за околу 11%, така што од 1 јануари, 2020 година ќе порасне на 255 евра.

Некогашните југословенски републики кои добија членство во ЕУ, како Хрватска и Словенија, имаат значително повисоки минимални плати.

Хрватските работници заработуваат најмалку 405 евра месечно, а во Словенија минималецот е значително повисок од просечната плата во повеќето земји од регионот и изнесува 667 евра.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе