Фит

Минимални измени во исхраната што помагаат во слабеењето

12. октомври 2018 - 19:44 | А.С.

Здравиот животен стил е комбинација од здрава исхрана и редовно вежбање. Изборот на вистинската храна за вашите потреби понекогаш е потежок отколку што ви се чини и слабеењето не следи така лесно само со одлуката да почнете да се храните поздраво.

Внесувањето на повеќе свежи салати на менито е одличен потег, но што ставате во салатата и како ги комбинирате состојките може да биде клучно во резултатите од вашите напори за слабеење.

Нутриционистката Пола Норис преку нејзините објави на Instagram сака да ги едуцира нејзините следачи за вистинскиот избор на здрава храна и како со минимални измени во исхраната може да забележите големи промени во слабеењето.

На пример, ако за вечера изберете тако, наместо три изедете една тортилја, а сепак изедете го прилогот од другите две. Намалете го вкупното количество на намирници за 20% од првично замисленото. Исто така, намалете го количеството на масло при готвењето на месото за прилогот и заменете го со малку вода. Разликата меѓу двата оброци на крај ќе биде 80 грама мелено месо, 25 грама авокадо, две тортилји и количината на моркови и тиквички. На овој начин наместо 1.103 калории ќе внесете 435. Мала измена – голема разлика.

„Неверојатно е колку голема разлика може да направи намалувањето на замисленото количество на оброкот и замената на дел од маслото со вода“, вели Пола и додава дека ако го замените сосот за салата со ладно цедени масла и лимонов сок вашите салати ќе бидат многу поздрави.

Коментирај