Ученици од Куманово денеска мирно протестираа и побараа настава со физичко присуство.

Учениците од основни и средни училишта со настава на македонски јазик и ученици од гимназијата „Сами Фрашери“, каде настава се изведува на албански наставен јазик, побараа настава со физичко присуство пред зградата на Општина Куманово.

Учениците велат дека како што можат да работат сите ноќни клубови, кафулиња и да се одржуваат концерти така и тие треба да одат на училиште бидејќи им недостасуваат училишните клупи и друштвото. Дел од изјавите се дека родителите немаат доволно средства за да им обезбедат 2-3 компјутери и потребни услови за да следат онлајн настава.
Поддршка на денешниот протест добија и од дел од родителите кои велат дека децата мора да одат на училиште и оти ќе останат неписмени дома.