Мирисот на ентериерот на новите автомобили е нешто по што се издвојуваат сите производители. Но, на ова му се ближи крајот и заминува во историјата. Koja е причината?
Мирисот на ентериерот се создава од состојки кои се користат во пластиката, лепакот или текстилот, како што се акролеин, ацеталдехид, бензен, етилбензен, формалдехид, стирен, толуен и ксилен.
Комбинацијата од овие состојки често предизвикува алергиски реакции кај возачите и патниците, а може да предизвика и иритација на очите, проблеми со дишењето, мачнина и вртоглавица.
Карактеристичниот мирис во кабината на новите автомобили веќе го забранија Јужна Кореја, Русија и Кина (од 2021 година).
Економската комисија на Обединетите нации за Европа донесе насоки и за нашиот континент, а проценката е дека производителите на автомобили брзо ќе развијат процеси за неутрализирање на мирисите од ентериерот на новите автомобили.