Миризливите свеќи може да бидат поопасни и од цигарите

Релаксирана вечер со книга или филм има уште поубава атмосфера со миризливи свеќи, особено за време на празничната сезона.

Но, дали се штетни за здравјето? Празничните миризливи свеќи може да бидат поштетни за здравјето отколку цигарите, предупредуваат истражувачите.

Согорувањето на миризливи свеќи ослободува токсични гасови, како што се јаглерод моноксид и испарливи органски соединенија. Истражувачите откриле дека концентрациите на честички во воздухот може да бидат и до 15 пати повисоки од препораките на Светската здравствена организација и дека на собите им е потребно подолго време за да се вратат на нормални нивоа. Најголем удар е забележан во мали и слабо проветрени простории.

Асит Кумар Мишра од Универзитетскиот колеџ Корк и д-р Мари Когинс од Универзитетот во Голвеј за The Conversation велат дека миризливите свеќи и пушењето, заедно со блокираните отвори и затворените прозорци, ја зголемуваат изложеноста на штетно загадување на воздухот, пишува The Sun.

Горењето свеќи или стапчиња темјан произведува сложена мешавина од хемикалии и честички, вклучувајќи токсични гасови како што се јаглерод моноксид, сулфур диоксид и азотни оксиди. Овие честички може да предизвикаат краткорочни проблеми како што се кашлање, кивање и иритација на очите, носот, грлото и белите дробови. Долготрајната изложеност го зголемува ризикот од срцеви заболувања, рак на белите дробови и хроничен бронхитис и ги влошува постоечките состојби како што е астмата.

Авторите истакнаа дека дури и „природните“ домашни мириси можат да испуштаат штетни нивоа на загадување и токсични хемикалии.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Read more

Вести

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Read more

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Read more

Јустинијан и најголемите навивачки немири во историјата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Читај повеќе

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Читај повеќе

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Читај повеќе

Јустинијан и најголемите навивачки немири во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет најчудни работи од CES 2025: Лажица додава сол во храната, јакна ги полни телефоните

Читај повеќе

Закерберг удри по Apple: Одамна не смислиле нешто одлично

Читај повеќе

Што е црвената супстанца која се фрла во Лос Анџелес?

Читај повеќе
  • filter

Сондата BepiColombo направи нови фотографии од Меркур

Читај повеќе