Мирољубивиот парадокс на Јапонија
Од осумте најголеми стопанства во светот, пет имаат нуклеарен арсенал – САД, Обединетото Кралство, Кина, Индија и Франција. Други две, Германија и Италија, имаат американско нуклеарно оружје на своја територија. Само една, третата најголема светска економија – Јапонија – ниту има направено, ниту има позајмено нуклеарно оружје.
Меѓутоа, Јапонија не се противи само на нуклеарна војна. Меѓу земјите од Источна Азија, само Тајван има помалубројна војска. Кога ќе ги погледнете бројките подетално, вооружените сили на Јапонија се речиси шестпати помали од следната најблиска источноазиска земја. Јапонија секако не е „слаба“ во глобални рамки, но е фамозно пацифистичка земја.
PollyMatter го разгледува мирољубивиот парадокс на Јапонија.