Мисајловски од Куманово: Обнова насекаде и за сите

Носителот на листата од ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска од градскиот плоштад од Куманово на последниот ден од кампањата истакна дека остварил голем број средби со граѓаните и од Куманово и од изборната единица со кои разговарал за проблемите, потребите на граѓаните. Тој се заблагодари на медиумите за професионалната соработка.

На градскиот плоштад Мисајловски се сретна со претставници од унијата на жените и унијата на млади сили од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и  рече дека кампањата ја почнал со позитивна енергија и така ја завршува со позитивен дух и ведрина.  

– Поминавме многу. Поминавме многу населени места, разговаравме за многу проблеми тука во Куманово и дадовме аманет дека ќе помогнеме насекаде, истакна Мисајловски.

Тој побара поддршка од граѓаните на 15 јули, за, како што истакна, да има обнова во културата,  во судството, здравството, во инфраструктурата, спортот.

– Знаете дека оваа кампања за мене почна со едно црно сценарио, со една фрлена бомба во мојот семеен дуќан. Јас уште првиот ден кажав дека тие инспиратори, креатори од политичкиот опонент мене нема да ме запре. Јас ќе продолжам со позитивна енергија, со позитивна ведрина и за она што секој ден копнее оваа држава, а тоа е да се има надеж за подобра иднина, рече Мисајловски.

Последниве дваесет дена, истакна во изјавата Мисајловски, посетил бројни населени места, се сретнал со граѓаните пред домовите, дворовите кои му дале сугестии, забелешки, понекогаш и критики за заборавеното во минатото. Тој рече дека се обврзува да ги исполни сите барања.

– Знаете, политичкиот опонент само размислува на црни сценарија. Размислува како да ме навреди, размислува на црни некои нивни сценарија. Јас сум многу различен. Јас можам да ги напаѓам секој ден за сѐ она што го направиле и што го кријат. Затоа е и добро законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот да видите какви политичари имате тука во Куманово и што сѐ кријат за своите т.н. пријателски бизниси. Затоа е добро обновата на Македонија да почне и тука од Куманово, да зафати многу лица од врвот на СДСМ за да знаете каде завршуваат тие црни пари и тие црни тендери, јас би ги нарекол и куфери, рече Мисајловски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е различна партија од СДСМ. Уште еднаш ја побара поддршката од граѓаните и вети работа и труд.  

– Ние да се обврземе на работа, на работа, на труд и се разбира да си ја зачуваме оваа наша земја, оваа наша татковина – Република Македонија. Ве поздравувам сите и се надевам се гледаме и после изборите постојано на улиците, на сокаците, да разговараме и потоа со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да ги решаваме вашите проблеми, повика Мисајловски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе