Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование

Скопје, 9 јули 2020 (МИА) – Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2, Владо Мисајловски денеска се сретна со граѓаните на Ѓорче Петров.

– Денеска имам можност да сум тука во Ѓорче Петров и да се сретнам со повеќе граѓани, да разговарам за секојдневните проблеми, но и да ги слушнам нив, се разбира и утре во новата влада да имплементираме се што е потребно за да им помогнеме на овие луѓе. Се работи за многу мали дуќанчиња сопственици на приватен бизнис кои мака мачат овие неколку година, а поготово од кога се погодени од здравствената криза. Затоа најважно е ВМРО-ДПМНЕ им дава надеж дека ќе им помогнеме на сите мали бизниси, за да ги издржат овие период, но секако и во идниот период кој што доаѓа како да ги зачуваат своите работници и како да имаат успешен бизнис, бидејќи навистина се погодени, рече Мисајловски.

Исто така, посочи, имав средба и со просветните работници каде што разговаравме за сите оние предизвици што доаѓаат во наредниот период и секако ги објаснивме сите наши проекти кои се наоѓаат во обновата на Македонија, а тоа се се разбира обнова на образованието, на науката и културата.

– Во Ѓорче Петров има многу нерешени локални проблеми каде за жал општинската власт тука нема слух, не се работи, а ниту пак има капитални инвестиции. Во минатото се градеше насекаде низ Република Македонија, еве може да се види и позади мене делата на ВМРО-ДПМНЕ и насекаде низ Ѓорче Петров каде што се вложуваше во инфраструктурата. За жал сега ниту градот, ниту општината, ниту пак централната власт не им текнува. Може они ќе се пофалат со некои проекти од ВМРО-ДПМНЕ како што е започната канализација во времето кога јас лично преку владата обезбедив средства за да се заврши канализацијата во Волково, да се обезбедат средства за 33 улици, но они сега се фалат со тие улици. Нејсе, важно е граѓаните да ги добијат тие улици а тие нека продолжат да се фалат со проекти кои ги нарекуваат нивни, но за жал такви проекти не постојат, рече Мисајловски.

Ги охрабрувам, потенцира, граѓаните да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Обновата на Македонија, бидејќи навистина ќе има илјадници проекти, за секој еден од нив, не само во Ѓорче Петров, туку насекаде во изборната единица 2, насекаде во Република Македонија.

– Затоа драги пријатели, драги сограѓани излезете на 15 јули и гласајте за бројот 14, додаде Мисајловски.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе