Мисајловски: Се обврзуваме на поголеми пензии по победата на 15 јули

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборната единица 2 денеска оствари средби со пензионери и граѓани на Шуто Оризари.

-После завршувањето и победата на овие избори на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме да се гледаме со сите граѓани исто така и со повозрасните лица за да им дадеме сигурност и доверба дека и локалните проблеми ќе ги решаваме бидејќи потоа следат и локални избори. Затоа ги охрабрувам сите повозрасни лица сите потреби што на нив им се важни да ни ја дадат сега довербата, а ние се разбира ќе продолжиме со макотрпна работа и во наредниот период, истакна Мисајловски.

Носителот на Изборната единица 2, Мисајловски ги повика граѓаните на 15 јули да дадат поддршка, како што рече, на обновата на Македонија.

– Исто така, имав можност да прошетам тука низ дуќаните, низ улиците, да поразговарам со граѓаните кои навистина ни даваат се поголема поддршка. Убаво е да се слушне дека граѓаните сакаат да ја поддржат обновата на Македонија, а од друга страна се навистина разочарани и гневни поради тоа што се излажани изминативе три години. Затоа ние ќе продолжиме со позитивна кампања, ќе продолжиме со проекти да им објаснуваме на граѓаните тука во Шуто Оризари зошто да нѐ поддржат и зошто да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мисајловски.

Тој упати апел до граѓаните на Шуто Оризари да пријават доколку некој им се заканува или ги уценува до денот на гласањето.

-Би сакал да упатам апел до сите граѓани на Шуто Оризари до сите Роми да излезат и да гласаат независно ако некој ги уценува и од која било партија да го пријават тоа да се чуствуваат удобно за денот на гласање да излезат и да го дадат гласот за онаа партија што тие сакаат, но важно е да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули за бројот 14, рече Мисајловски. 

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе