Мишел Фајфер за снимањето на Scarface: Секоја вечер заспивав во солзи

Мишел Фајфер се потсети како било да се работи на познатиот криминалистички трилер Scarface кога имала само 25 години.

Познатата актерка се прослави со главната улога во филмот Grease 2 од 1982 година, а една година подоцна, по напорната аудиција, успеа да добие улога во филмот Scarface, во кој глумеше покрај Ал Пачино, Марк Марголис и Мери Елизабет Мастрантонио. Во култниот филм таа ја играше Елвира Хенкок, сопруга на мафијаш кој се вљубува во Тони Монтана (Пачино).

Фајфер минатата година во подкастот The Skinny Confidential откри дека се чувствувала многу несигурно на снимањето на филмот бидејќи немала доволно актерско искуство во споредба со нејзините колеги.

„Секоја вечер заспивав во солзи кога го снимав Scarface. Ете, толку самодоверба имав“, рекла Фајфер, пренесува Unilad.

Аудицијата исто така ја исцрпила бидејќи траела два месеци, а за Пачино таа не била првиот избор за улогата на Елвира бидејќи глумела во Grease 2.

„Аудицијата беше многу интензивна и макотрпна, мислам дека траеше два месеци, но имав чувство дека траеше една година“, се присетува таа. „Тоа беше голема работа за мене. Ал сакаше друга актерка во таа улога, што е разбирливо. Јас бев девојката од Grease 2“.

Иако мислела дека нема да учествува во филмот, еден месец по завршувањето на аудицијата, добила покана да се придружи на остатокот од актерската екипа во Њујорк.

„Бев многу нервозна. Ал е љубезна, добра и дарежлива личност, но бев опкружена со сите овие искусни актери и немав големо искуство зад мене“, објасни актерката.

Remote video URL

И покрај нејзината несигурност, Фајфер ги воодушеви гледачите со својот настап, кој ѝ помогна да се пробие во светот на Холивуд. Подоцна се појави во блокбастерите Batman Returns, Dangerous Minds и Hairspray, што го зацврсти нејзиниот статус на филмска ѕвезда.

реклама

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Филм & ТВ

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Read more

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Read more
 

Сцена

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дали третата сезона на And Just Like That... ќе ја донесе возбудата што ја чекавме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот сепак нема да биде крај на Peaky Blinders: Серијата ќе добие седма сезона

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Долф Лундгрен тврди дека тајната за среќен брак се прегратките

Читај повеќе
  • filter

Заврши 30. Моден викенд Скопје: Бастион на новите идеи и дом за вљубениците во модата

Читај повеќе
  • play_arrow

Виз Халифа верува дека Земјата е рамна

Читај повеќе
  • filter

Од писта до публика: Како Моден викенд Скопје ја слави индивидуалноста?

Читај повеќе