Мисисипи ќе го менува знамето поради поврзаност со ропство

Гувернерот на оваа американска сојузна држава потпиша преглог-закон со кој од знамето ќе се тргне амблемот на Конфедерацијата кој на него стои уште од пред 126 години.

„Ова за мене не е политичка одлука, туку свечена пригода која народот на Мисисипи ќе го зближи, ќе го помири и ќе направи да продолжи понатаму“, рече гувернерот Тејт Ривс.

Измената на знамето предвидува ново знаме кое ќе биде без симболи на Конфедерацијата, но ќе го задржи официјалниот слоган „In God We Trust“ (Веруваме во Бог) кој го користи државата, а не е на знамето. Граѓаните на референдум ќе се изјаснат за новото знаме. Доколку на референдумот не биде прифатено новото знаме, во текот на 2021 година комисијата за измена на знамето ќе даде нов предлог за дизајн.

Знамето на Мисисипи

Сегашното знаме на Мисисипи е усвоено во 1894 година и има три линии и тоа сина, бела и црвена, а во горниот агол го содржи симболот на Конфедеративните членки на Америка, односно непризнатата држава која ја изгубила Граѓанската војна каде била позната како Југот. Токму Југот се залагал за продолжување на ропството, а доминирала расната дискриминација во која белците биле примарната раса.

Официјалното знаме на Југот

Знамето на двапати претрпувало мали промени, главно во нијасните на боите и во разделеноста на објектите.

Ова не е прв обид да се промени знамето на Мисисипи. Последен пат тоа се случи во 2001 година кога на референдум 64 проценти од граѓаните гласаа против промена на нивниот државен симбол.

Одбиениот предлог од 2001

Според потпишаниот предлог-закон, сегашното знаме мора во рок од 15 дена да биде тргнато од сите државни институции.

Инаку, конфедеративниот симбол кој стои на знамето на Мисисипи не е дел од знамето на Југот, туку е воено знаме на Армијата на Северна Вирџинија која се борела на страната на Југот, а денес е омилен симбол на приврзаниците на Конфедерацијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе