УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Мистер куарта Де ла Фуенте: Успехот на Шпанија е плод на систем и долгорочно планирање

Шпанија ги совлада четирите светски шампиони (Италија, Германија, Франција, Англија) и стигна до трофејот на ЕУРО 2024, а рекордната четврта титула најдобри во Европа ја потпиша селекторот Луис де ла Фуенте. За само две години, колку што овој 63-годишен стручњак е на чело на „Црвената фурија“, за Шпанците стана „Мистер куарта“ (cuarta - четврта титула), стручњак кој премина во редовите на „бесмртните“ селектори Хосе Виљалонга (1964), Луис Арагонес (2008) и Висенте дел Боске (2012).

Тој стана првиот тренер со Шпанија кој го освоил Европското првенство до 19 години (2015), Европското првенство за играчи до 21 година (2019), сребро на Олимписките игри (2021), Лигата на нации на УЕФА (2023) и Европско првенство (2024). Кога по неуспехот во Катар 2022 година и заминувањето на Луис Енрике ја доби довербата од РФЕФ, на негова сметка имаше секакви коментари. Особено по одлуката за рестартирање на тимот и воведувањето млади играчи.

На ЕУРО пристигна со зборовите „го имаме најдобриот тим и дојдовме да ја освоиме титулата“. Само го изостави „и да влеземе во историјата“. Затоа што никој никогаш не го освоил трофејот на ЕУРО со 7 последователни победи. Никогаш, никој, до синоќа Шпанија, која постави нов рекорд со 15 гола на турнирот.

„Резултатот не е важен, важен е целиот процес, а резултатот е производ на системот. Овие млади луѓе се пример за општеството, би било добро да ги цениме како вредни спортисти, а резултатот е само производ на планирана, долгорочна работа“, објасни Де ла Фуенте на прес-конференцијата.

Remote video URL

Де ла Фуенте ги игнорираше првичните оспорувања.

„Не е важно дали некои веруваа во мене или не. Единственото нешто што беше важно беше тоа што чувствував дека играчите веруваат во мене. Тие веруваат во мене веќе година и пол. Секој чекор настрана беше раст. Она што ме окупшираше беше тоа што тие навистина веруваа во мене, без никакви сомнежи за моите одлуки. Сето тоа сеаг е среќа и гордост. Никој ништо не ни даде. Работите што чинат толку многу добиваат уште поголема вредност. На секој што работи и дава сѐ од себе секогаш велев дека животот во одреден момент ќе го награди. Ако дадете сѐ што имате, знајте дека животот ќе ви врати нешто добро. А фудбалот е уште еден дел од животот“.

Де ла Фуенте само го прилагоди начинот на игра на потенцијалот на играчите што ги има.

„Се обидов да наметнам идеја која знаев дека играчите ќе можат да ја развијат. Не само преку посед, туку и контролирање на играта со побрзи транзиции. Не измислувам ништо што веќе не постои, само се обидувам да го извлечеме максимумот од фудбалерите“.

Од четворицата светски шампиони, најтежок беше домаќинот Германија.

„Најтешко беше веројатно Германија, тоа беше многу тежок натпревар. Се соочивме со нивната фантастична сила. Сите имаа многу тешкотии да се справат со нив. Кога размислувате за патот, размислувате што повеќе можете да побарате од овој тим“.

Во седумте победи Шпанија имаше шест различни МВП играчи на натпреварот. Само Нико Вилијамс двапати беше прв меѓу еднаквите. А, речиси на секој натпревар промените имаа големо влијание врз конечниот резултат. Така беше и со херојот за голот за победа над Англија (2:1), Микел Ојарзабал.

„Микел постигна гол во финалето и создаде многу проблеми за одбранбената линија на Англија. Негова заслуга е што Зубименди имаше сензационално второ полувреме кога Родри беше надвор од игра. А сега дајте му ја Златната топка на Родри, ве молам“, рече Де ла Фуенте.

Remote video URL

Со оглед на квалитетот и потенцијалот на играчите, системот и влијанието што го имаше во нивниот развој работејќи долго време во Федерацијата, Де ла Фуенте може на следниот Мундијал во 2026 година да го искова своето име како најуспешен селектор на Шпанија досега. Висенте дел Боске освои две титули (СП 2010, ЕУРО 2012), Де ла Фуенте ја има Лигата на нации (2023) и ЕУРО 2024. Нема сомнеж дека моќната Шпанија за две години посилна ќе пристигне во Канада, Мексико и САД, повоиграна и поискусна.

Remote video URL
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фудбал

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Read more

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Read more

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Read more

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Read more
 

Спорт

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе