Мистеријата на езерото што ја менува бојата: Метеор, проклетство или НЛО?

Во близина на прекрасното јадранско крајбрежје, често можеме да ги пропуштиме чудата на природата скриени во зеленилото на шумата во близина на првите плажи.

Еден од таквите интересни појави се наоѓа на југот на Јадранот. Змејовото око е познато и како Рогозничко Езеро.

Езерото во Хрватска е исполнето со солена вода, а со морето е поврзано со пештера чиј отвор се гледа на брегот. Соодветно, пештерата го носи името Змејско уво, а интересно е што е поголема и подлабока од самото езеро.

Но, она што е уште поинтересно е однесувањето на ова езеро и затоа често можеме да читаме наслови во весниците како „Змејовото Езеро ја промени бојата“. Имено, на секои неколку години, рибите, медузите и другите жители на езерото „емигрираат“ во блиското море. Тогаш езерото се заматува и ја менува бојата, а кога ќе се „филтрира“, животните повторно се враќаат. До следниот пат кога повторно ќе остане без кислород и езерото не „зоврие“.

Затоа, немојте да се изненадите ако видите различни бои во езерото, кои може да варираат од жолто-црвеникава до зелено-сина. Езерото е сè уште популарно кај капачите и скокачите. Тука исто така се играат претстави и се игра ватерполо, особено затоа што температурата на езерото е малку повисока отколку во морето.

Езерото со мистериозно име носи со себе некои легенди. Така една вели дека езерото настанало откако на истото место паднал метеорит. Друга вели дека тоа било вселенско летало. Трета вели дека езерото настанало поради проклетството што слепиот брат му го фрлил на другиот брат кој користејќи го своето слепило го измамил за наследство.

И секако, постои легенда во која се споменува змеј од Рогозница кој го тероризирал локалното население и настрадал од рацете на херој кој решил да спаси убава девојка од незаситниот и суров ѕвер. Само, оваа има сладок додаток: постои верување дека заљубен пар кој заедно ќе се капе во езерото ќе остане заедно во среќа и љубов до крајот на животот и дека бракот ќе биде крунисан со здрави деца.

Remote video URL
реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Чек дис аут

Најубавата собирачка на топчиња која го крсти детето по Рафаел Надал

Read more

„Кинеската Атлантида“: Град под вода кој е целосно зачуван

Read more

Бездомник во Италија доби на лото, едвај успеа да ги земе парите

Read more

Зошто сонуваме дека ни паѓаат забите?

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Читај повеќе

Три најчести митови за СИДА и ХИВ

Читај повеќе

Секојдневни навики со кои го оштетувате имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

70-годишна жена од Уганда роди близнаци

Читај повеќе

Најдобри зеленчуци за слабеење кои може да се комбинираат со многу јадења

Читај повеќе

Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе плива во пари, а кој ќе има празни џебови?

Читај повеќе

Најдобриот антиинфламаторен пијалак за подобрување на имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Со едноставен трик лебот ќе остане свеж многу подолго

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Торта со макарони

Читај повеќе