Мистериозен тизер за новиот телефон на Sony

Sony се подготвува за големиот настан оваа година, Mobile World Congress, кој ќе се одржи наредната недела во Барселона, Шпанија. Компанијата објави краток тизер на официјалниот Twitter профил кој не откри многу за телефонот, туку нѐ остави збунети и во исчекување на новитетот на Sony.

Видеото покажува човечка рака и неколку линии кои полека се спуштаат кон неа, пред целосно да исчезнат.

Тизерот навестува дека новиот производ (што и да е тоа) ќе биде промовиран на 26 февруари, кога почнува Mobile World Congress. Ниту една дополнителна информација не е вклучена во видеото, иако Sony се реши дека токму вака треба да изгледа еден тизер со кој треба да ги „загреат“ фановите за претстојниот MWC.

Љубителите, па и познавачите на пазарот на смартфони, останаа зачудени од краткото видео. Ниту еден не можеше да даде дефинитивен одговор на прашањето: Што сака да каже Sony со оваа „реклама“?

Она што сите го заклучија е дека тизерот се однесува на новиот телефон, или пак телефони, кои Sony ќе ги прикаже на MWC. Уште на крајот на минатата година од компанијата најавија дека работат на редизајн на надворешниот изглед на новите уреди кои ќе излезат во текот на 2018 година. Според некои од инсајдерите од оваа индустрија, видеото го промовира новиот заоблен смартфон на Sony, кој доаѓа во вистински момент за да му конкурира на ривалот Samsung.

Во претходните неколку години, Sony најавуваше нови уреди од линијата Xperia токму на овој саем, па затоа сега се очекува истото.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе